Македонскиот долгометражен игран филм „Мими“ на режисерот Даријан Пејовски, во продукција на „Скопје Филм Студио“, од 13. октомври ќе се почне да се прикажува во киното “Синеплекс“ во трговскиот центар “Скопје Сити Мол“, во кино „Милениум“ во ГТЦ Скопје и во дел од градовите низ Македонија.

“Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди од родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија.

Улогите ги толкуваат: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

“Мими“ е втор долгометражен филм на Даријан Пејовски, кој во својата филмска биографија како режисер ги запиша “Три дена во септември“ (2015), неколку краткометражни филмови, а работеше и на ТВ-сериите “Фамилија Марковски“, “Инсајдер“ и “Преспав“. Филмот е копродукција на Скопје Филм Студио со “Maxima Film“ од Хрватска и “Giggling Goat Production“ од Црна Гора.

Направен е со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора.

“Мими“ го отвори овогодинешниот Фестивал на европски филм “Синедејс“ и беше прикажан во земјите копродуценти во рамките на Пулскиот филмски фестивал и фестивалот во Херцег Нови.

 

 

[Message clipped] View entire message
9
Attachments
• Scanned by Gmail



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.