Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.
Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.
Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. […] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст“. […], смета академик Влада Урошевиќ.
Според научниот соработник Дарин Ангеловски, „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски е „обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема и ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија…“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.