Во рамките на изложбата „Звучни слики“ која беше отворена минатата недела во Младинскиот културен центар, денеска (14 март, четврток) со почеток во 18 часот ќе се одржи поетско читање „Музички песни“ (за деца и возрасни).

„Владимир Мартиновски, авторот за изложбата, ќе чита избор од песни од неговите книги за деца ‘Шах со Бах’ и ‘Хор од задниот двор’ и за возрасни ‘Квартети’ и ‘Пред и по танцот’, со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката“, се вели во најавата.

Читањето ќе биде во Галеријата на МКЦ каде е поставена и изложбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.