Наградата „Ана Франк“ се доделува за врвни остварувања на планот на литературата за деца и млади, а ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје. Годинашни добитници на наградата се: Владимир Костов од Македонија, Фахрудин Кучук од Босна и Херцеговина и Оливера Јелкиќ од Србија.
Владимир Костов е автор на книгите за деца и млади: „Каде си тргнал, сине“ (роман за млади, 1982), „Тој ми кажа“ (роман за млади, 1992), „Солза за Мите“ (роман за млади, 1997), „Еврејчето Шами“ (проза за деца и млади, 2007), „Скршена чаша“ (раскази, 2007) и други. Добитник е на наградата „Ванчо Николески“.
Фахрудин Кучук е најпознат со своето творештво за деца и млади. Има објавено повеќе романи за деца и млади, поезија, раскази и сликовници. Неговите романи „Џуџето Дадо од Попова шума“ и „Тајната на ѕвездената соба“ имаа достигнато големи тиражи и популарност кај читателската публика.
Оливера Оља Јелкиќ, исто така, е посветена на твоирештвото за деца и млади. Родена е во Нови Сад, а ќивее и работи во Белград. Има објавено повеќе романи, книги со раскази и драмски текстови за деца и млади. Нејзини најпознарти мдела се: „Лудвиг“,„Гамбит“,„Моето име е Алма“,„Геометриска бајка“,„Лавеж“ и други. Основач е на „Декаленд“, а компонира и песни за деца и млади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.