Повторно шведски филмови, во Кинотеката на летната сцена. Овој пат, селекција од рецентната шведска документарна продукција.

Што создадоа креативците од скандинавската документарна школа? Почнувајќи со историјата на квир и транс културата во Шведска, преку приказ за животот на домородното население, до општествено ангажирани теми. Ова е само дел од тоа што ќе може да се види, да се коментира.

Кинофилите ќе имаат можност да проследат и документарен филм за културата на канабисот, последниот филм на Миа Хансен-Лав со француската фам фатал Лејла Сејду во главната улога, како и нестрпливо очекуваната премиера на новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп Опенхајмер. Тоа е филмот на моментот, секаде коментиран и анализиран, моќно дело кое ни го става прстот на чело, за да промислиме што е во суштината на нуклеарната енергија.

Крајот на месецот е резервиран за фестивалот на нем и класичен филм. Се гледаме на летната сцена во Кинотека, омиленото прибежиште на љубителите на добриот филм, велат оттаму.

Целата програма на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.