Утревечер во Кино Манаки, КИЦ Битола, почеток во 18.30 ч. во организација на Независната музичка сцена во Битола, ќе се оддржи прва панел дискусија за состојбите со независната музичка сцена во градот Битола, насловена како „Шо напрајвме, шо треба да напрајме“.

Целта на оваа активност која е дел од мини проектот „Зајакнување на независната музичка сцена во Битола“, поддржана од европската мрежа на балкански фетсивали MOST, финансирана од Creative Europe, е отворање јавна дебата и размена на мислења и идеи, за зајакнување на локалната независна музичка сцена, оддржлив развој, партнерство со локалната самоуправа и понатамошно креирање заедница која ќе се поддржува меѓусебно и ќе создаде овозможувачка околина за младите музичари, букери, продуценти итн…

На настанот се поканети музичари, продуценти, букери, промотори, претставници од Општина Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.