Македонскиот режисер Александар Поповски и драматургот Ева Махковиќ приредија невиден спектакл на сцената „Љуба Тадиќ“ каде што во четвртокот во Југословенско драмско позориште (ЈДП) се одржа премиерата на претставата „Алиса во земјата на стравовите“, инспирирана од романот на Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“.

Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите се на Миа Поповска, а композитор е Марјан Неќак.

Актерката Милена Радуловиќ го толкува ликот на Алиса, а во тимот се уште: Милан Мариќ, Небојша Љубишиќ, Радован Вујовиќ, Слобода Миќаловиќ, Јована Беловиќ, Тамара Шустиќ, Ива Стефановиќ и Денис Муриќ.

Уште кога била мала, Алиса верувала дека уште пред појадокот може да се случат шест невозможни работи. Сега Алиса е возрасна девојка во 30-те години. Би требало да има кариера, семејство, треба да биде исполнета, стабилна, возрасна. Тоа што таа има е нов психотерапевт со кого патува низ својата глава. Кога била девојче, таму ја чекале чуда, свет со различни можности. Сега таму има само земја исполнета со сомнежи и стравови. Сепак, и понатаму постои можност да се случи чудо, пишува во најавата за претставата на ЈДП.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.