Ансамблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва гостува на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски.

Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов.

Гостувањето на велешкиот театарски ансамбл е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ Нови Сад и Театар „Јордан Хаџи К.онстантинов-Џинот“ Велес.

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија.

Со претставата „Нема струја за електричниот стол“ велешкиот театарски ансамбл успешно настапи во Европските градови на културата во 2023: во Пловдив и Темишвар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.