Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотеката на Македонија, организира Недела на франкофонски филм по повод одбележување на месецот на Франкофонијата.

Официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм е  в четврток, (24 март 2022 година), во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, со проекцијата на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“, на режисер Емануел Муре, од 2020 година.

Настанот ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се в петок (25 март 2022), во 20:00 ч., швајцарскиот филм „Семејство на Фредерик Бајиф (2022) сабота (26 март) во 18 часот е белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими (2020 година) и во 20 часот, романскиот документарен филм „Дива Романија“.Сите филмови се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм обезбеден е само превод на француски јазик.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката, соопшти организаторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.