Music Incubator & ЗЏМ ви претставуваат: Музичко-поетски-визуелен перформанс ДИШИ ЉУБОВ

Магично патување низ сите лица на љубовта, заедно со: „оVo“- Џијан Емин – гитара, вокал Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара, Гоце Стевковски – тапани, The Magical Strings Ensmeble & The Magical Voices.

На денешната прес-конференцијата Џијан Емин истакна дека концерот зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас.

Концерот во основа зборува за љубовта, за воздухот, за Скопје, за сите нас и за се она што се случува помеѓу нас како луѓе, за нашето општество, за социјалниот дефект во светски рамки и ова е обид да ако можеме некако да придонесеме овој свет во кој што живееме, барем за момент да стане малку поубав, додаде Џијан Емин.

Музиката има две нивоа, а четири димензии на доживување. Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гудачки ансамбл.

Едниот елемент се песните кои ќе бидат изведени со бендот, поткрепени со гудачкиот ансмбл и вокалната група, и тие се релативно кратки форми, околу 5 минути трае секоја композиција. Помеѓу тие композиции ќе имаме визуализација и додека трае, ќе имаме и нарација. Наратор е Атанас Атанасовски и тој ќе ја раскаже приказната. Додека тој раскажува ќе имаме дополнителна музика која е исто многу важна но е различна од она што ние го свириме, објасни Џијан Емин.

Емил Петров ќе биде задолжен за визуелизациите на самиот проект, ќе има поставени визуелни елементи во самиот простор.

Музичкиот дел ќе биде надополнет со магичниот гуадчки ансамбл, а ќе имаме и шест прекрасни млади дами кои со нивните гласови дополнитлено ќе ја збогатат убавината на целата музика. Материјалот кој што ќе го свириме на музичко поетско визуелниот перформанс е веќе снимен, и треба дополнително да се доснимаат уште неколку рбаоти, по завршување на настанот во петок ќе влеземе во продукцијска акција и ќе имаме издание од песните кои ќе бидат изведени под настанот во петок, додаде Џијан Емин.

Автор на текстови: Тина Иванова, Визуелизации: Емил Петров, Музика: Џијан Емин
Билетите може да се набават на билетарницата на Филхармонија, како и онлајн преку веб-страницата на Филхармонија www.filharmonija.mk, или директно на линкот подолу.
https://filharmonijaonline.mk/index.php?id=553

На 25 март ќе се одржи концерт под наслов „Диши љубов”, концерт на кој ќе бидат изведени песни чиј автор на музиката, како и на аранжманите е Џијан Емин, веќе добро познато име за музичката култура. Автор на текстовите на песните и на расказот којшто ќе биде наратив на настанот, сум јас. Со нетрпение го чекаме овој мултимедијален проект, кој настана пред две години, но не се одржа поради пандемијата. Станува збор за љубовен концерт, со меланхолична содржина, дури темна и трагична, музика која ја опејува љубовта во сите нејзини лица, вели Иванова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.