Во рамки на научно-истражувачкиот проект „Димитрија Чуповски (1878−1940) и „Македонското научно-литературно другарство во Петроград“ (1902−1917)“ на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ (2020−2022), ќе се одржи третата, завршна научна конференција.

Предвидени се две одделни сесии со петнаесет реферати на седумнаесет учесници — членови на МАНУ, универзитетски професори и научни работници од Институтот за историја и Институтот за македонски јазик. Предмет на истражување на излагањата се гледиштата на членовите на МНЛД — С.−Петербург (1902−1917) во врска со македонскиот јазик, литература, култура, историја и народ, во балкански и европски контекст, информираат од МАНУ.

Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.