Националната опера и балет, в петок, на 13 септември ќе гостува во Софиската национална опера и балет со операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Изведбата во Скопје е закажана за 21 септември на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 20 часот.

Гостувањето во Софија е дел од договорот за соработка потпишан во ноември 2023 година меѓу тогашниот директор на Националната опера и балет, Васко Ристов, и директорот на Софиската опера и балет, Академик Маестро Пламен Карталов.

Диригент е Бисера Чадловска, а режисер е Италијанецот Ренато Бонајуто. Сценографијата е дело на Флавио Арбети, костимографијата на Артемио Кабаси, а кореографијата ја потпишува Маја Митревска Богоевска. Тимот е дополнет со асистенти и мајстори, меѓу кои Катерина Стојковска, Јасмина Ѓорѓеска и Јане Бакевски.

Главните улоги ги толкуваат истакнати македонски уметници: Марјан Јованоски (Набуко), Злата Тошевска Димовска (Абигаиле), Николина Јаневска (Фенена), Зоран Сотиров (Исмаил) и Игор Дурловски (Захарие).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.