На 6- ти јуни од 20 часот во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе гостува Национална опера и балет со комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Операта до сега беше изведувана на сцената на Национална опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.