Вера Атанасовска, претседател на СКРМ

Најдено е решение и соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар

Култура 06.06.2023 / 10:41

Изминатиов период јавноста сведочи за протести на вработените во Македонската филхармонија поради одлуката во зградата на Филхармонија времено да биде сместена Националната установа Оркестар за џез музика. Прес конференции одржаа и вработените во Филхармонија и членовите на НУ Оркестар за џез и музика и Министерството за култура, секој елаборирајќи ги своите ставови. За оваа состојба разговаравме со Вера Атанасовска, претседател на СКРМ.

Атанасовска е археолог, советник- конзерватор вработена во НУ Конзерваторски центар Скопје и Претседателка на СКРМ од 2021 година. Таа ни открива дека веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар.

Каков е Вашиот став во врска со одлуката на Министерство за култура за сместување на новоформираниот Национален џез оркестар во зградата на Македонска филхармонија и дали сметате дека протестите на филхармоничарите се оправдани?                                                          

Како претседателка на СКРМ ги застапувам одлуките на Советот на синдикатот и како што веќе претходно информиравме  СКРМ застанува со поддршка на сите уметници. Сметаме дека целата ситуација околу сместувањето на џез оркестарот во зградата на Националната филхармонија е наметната од страна на Министерството за култура со носењето на еднострана одлука без сериозна анализа, дијалог и јавна дебата.

Дали според Вас требаше да дојде до овој спор меѓу Филхармонија и новата национална установа Оркестар за џез музика и каков би бил вашиот предлог за решавање на проблемот?

Секако дека до ова не требаше да дојде. И вработените во Националната филхармонија и џез музичарите заслужуваат достојни услови за работа, соодветна анализа на нивните потреби  и потребите на функционирање на нивните институции. Непланското и нетранспарентното носење на одлуки од страна на министерството доведе до ситуација на спор меѓу колеги.
 Колку што сум информирана од страна на министерката за култура веќе е најдено решение и е најден соодветен простор каде ќе биде сместен новоформираниот џез оркестар. Се надевам дека отткако ќе заврши процедурата истото ќе биде јавно соопштено од страна на Министерството за култура.

Какви се претходните искуства со „вдомување“ на повеќе национални установи во еден објект, како што беше примерот со сместувањето на Албанскиот и Турскиот театар во објектот на Театар Комедија или Националната установа „Гостиварски театар“ во Центарот за култура во Гостивар?
Во пракса постојот повеќе институции сместени во еден објект и искуството покажало дека кога условите за работа ќе се влошат до степен на нефункционалност, тогаш решавањето на наметнатиот проблем паѓа на грбот на културните работници, кои секогаш биле оставени сами да се снаоѓаат. Знаеме дека нови објекти се градат со години како што е случајот со Турскиот театар а и Националната филхармонија доби своја зграда после 70 години.
Како и во минатото така и сега приоритетите секогаш биле проблем во културата. Ние како синдикат секогаш стоиме на располагање и ја нудиме нашата искрена и професионална соработка за сите проблеми и теми што ја засегаат културата. Се надеваме дека во иднина Министерството ќе ја искористи можноста за соработка и одлуките што ги засегаат културните работници ќе ги носи со взаемна соработка и во согласност со професионалните стандарди.
Дали сметате дека е оправдана одлуката Оркестарот за џез музика да добие статус на Национална установа?

Како синдикат кој ги застапува најголемиот број на културни работници во институциите од културата не навлегуваме во оправданоста на одлуката на Министерството за култура за формирање на нова национална институција. Колку и да е оправдана оваа одлука истата помина нетранспарентно, без јавна дебата и е донесена  во момент кога вработените во културата се соочуваат со кризни мерки наметнати од министерството за финансии и во момент кога се бара од нас да прифатиме децентрализација на институциите од културата. Во моментов нема нови вработувања каде што е најпотребно и каде што има испразнети работни места, нема унапредувања и нема признавање на стручните звања во заштитата.

Но и покрај тоа сметаме дека сите новоформирани институции, од кои реално има потреба, може да придонесат позитивно и стимулативно во културните процеси во државата и се надеваме дека Министерството за култура раздорот што го направи меѓу нашите колеги ќе го реши со сериозен и партнерски пристап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş