Првата награда БИШ за најдобра претстава меѓу две фестивалски изданија ја доби претставата „ГЛУМиЦИ“ на продукцијата „Артопија“ од Скопје. Во колективот „Артопија” членуваат Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Кристина Леловац, Никола Наковски, Никола Ристески.

Тимот на претставата синоќа ја прими наградата во Младинскиот културен центар (МКЦ). Наградата која за прв пат е воспоставена на фестивалот, во чест на основачот, уредникот и таткото на МОТ, Љубиша Никодиновски Биш ја додели тричлено меѓународно жири.

Во вечерта посветена на наградата БИШ се спомна и неговото влијание и значење во градењето на алтернативната театарска сцена во Македонија, но и за тоа каков спомен и заложба остави за идните генерации.

Со претставата „Антитело” на ФДУ, во кино Фросина во 21:30 часот вечерва завршува 47 МОТ, a пред неа се во 12 часот „Градот како сцена” на ФРУ, АКТО, Центар за уметност и урбанизам (Берлин) и Фрлачи на сенки (Загреб), во 18.30 во Галерија МКЦ „Создаваме град, градиме иднина” на Симона Димковска и во 20 часот Under construction на Глеј Театар, Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.