Од 21 до 29 мај во Лобња, Москва, се одржа  28-от меѓународени театарски фестивал „Руска класика” на кој на македонскиот актер Младен Крстевски му беше врачено признанието за бравурозната актерска игра „Мајстор на сцената”. Крстевски оваа награда ја доби за улогата на Раскажувачот и Лошиот Дедо во претставата „Добрите – зли, злите – добри” во изведба на младинско-детскиот театар Крин.

Tекстот е на младите „драматурзи“ – ученици: Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски. Претставата не пренесува во светот на приказните каде што доброто секогаш победува. Еден од ликовите во истата е ликот на Добрата Јана, која со својот херој, Розовиот пантер поаѓаат да ја ослободат принцезата од рацете на лошиот дедо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.