Музичкиот рок- хроничарТошо Филиповски во „Екс-ЈУ рок центарот“ во Сараево, Босна и Херцеговина ја отвори изложбата „60 години македонска рок-сцена“.

Беа изложени вкупно 400 артефакти, плочи, плакати од концерти, фотографии од музичари.

Авторот на „Македонска рок-енциклопедија“ на четири витрини и три ѕида кои му биле на располагање ја претставил сцената низ осум музички правци.

Филиповски во Сараево имал и промоција на сите енцикопледии што ги објавил за македонската рок-музика.

Изложбата се отвори на 15 декември и ќе може да се види и во следните три месеци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.