Во чест на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, Музејот на современата уметност – Скопје ќе организира посебен настан на кој ќе биде претставена издавачката активност на НУ МСУ-Скопје.
Во фоајето на МСУ-Скопје, ќе биде отворена изложба, составена од селекција на публикациите организирани во повеќе тематски целини, изданија кои Музејот ги има публикувано на македонски јазик во текот на своето речиси шестдецениско постоење.
До денес, музејот има објавено голем број публикации: каталози од самостојни и групни изложби, книги предавања и собрани критички осврти, теориска литература, како и специјализираното списание за современа уметност „Големото стакло“, вредни изданија кои се потврда за посветената работа на повеќе генерации истражувачи во презентирањето и чувањето на уметничкото творештво на бројни светски и домашни автори, но и за заложбите за зачувување на македонскиот јазик.
За посетителите ќе бидат подготвени специјални подароци од изданијата МСУ-Скопје, а ќе бидат претставени и бројни публикации, меѓу кои и најрецентните изданија, монографии, каталози од колекцијата, самостојни и групни изложби, кои ќе можат да се купат во музејската продавница по пристапни цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.