Свеченото затворање на јубилејните Мајски оперски вечери, покрај изведбата на операта „Аида“, беше одбележано и со промоцијата на монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски, објавена по повод големиот јубилеј на најзначајната манифестација од овој тип во нашата земја, со цел да се остави траен запис за сето она што се случувало на фестивалската сцена низ изминатите 50 години.
Во издание на Националната опера и балет, предговорот е на директорот на куќата, проф. м-р Васо Ристов, рецензент е диригентот на првата претстава во 1972 година, проф. Фимчо Муратовски, а промотор на монографијата беше м-р Весна Малјановска.
Во монографијата се наброени сите оперски, балетски и други претстави, како и концертите што биле изведени на Мајските оперски вечери во изминатите 50 години. Вкупната бројка на претстави е 457, од кои 321 се оперски претстави, 62 се балети, 66 се концерти, а 8 се други претстави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.