Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо.

– Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови, хибридни стратегии за пишување нови драми…, соопшти МНТ.

Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер, Народни дивадло – Прага и со Македонскиот народен театар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.