На 20 септември (среда), во МНТ (на големата сцена), во 12 часот ќе се оддаде почит на Катина Иванова, големата актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар.

Низ видеа, фотографии и сведоштва на „Во спомен на Катина Иванова“ ќе се присетиме на нејзините реализирани улоги, нејзината насмевка, топол сензибилитет и поддршка која ја даваше, се вели во соопштението на МНТ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.