На почетокот на годинава, Младинскиот културен центар (МКЦ) распиша конкурс кој требаше да визуелизира „50 години МКЦ“, односно конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година.

Намерата беше најискрена: како и многу пати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот“, информираа од МКЦ.

Оттаму се заблагодаруваат на сите апликанти кои учествуваа на конкурсот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.