Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година, информираат од Министерството за култура.

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2024 година.

Целиот конкурс и пријавата се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на следнава врска: Конкурс за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2024 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.