Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на книгата и авторското право, како ден кога ја славиме моќта на пишаниот збор, ги славиме книгите и творештвото на авторите.
Наша одговорност и голема чест е да продолжиме да ги негуваме вистинските литературни вредности, да им ја откриваме радоста на читањето на помладите, да ги промовираме книгите пред поширока публика и да го заштитуваме авторскиот труд, вели министерката за култура.
Таа додава дека продолжува поддршката на авторите кои со својата креативност и труд го обликуваат нашиот свет.
И во ова време на дигитализација и брза размена на информации и содржини, книгата, како софистициран израз на човековата мисла, останува важен дел од нашата култура и секогаш ја има поддршката од Министерството за култура, порачува Костадиновска-Стојчевска.
На Светскиот ден на книгата и авторското право, светот посебно внимание посветува и на заштитата на авторскиот труд и интелектуалната сопственост.
Затоа, продолжуваме кон целосно имплементирање на европски закони и стандарди за да ја унапредиме заштитата на авторското право, прашање од големо значење за културниот развој на општеството преку создавање нови вредни дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.