Оваа година првпат во Куманово, на 25 и 26 мај ќе се одржи Меѓународен фестивал на прозата под организација на Ценатарот за Култура ”„Трајко Прокопиев” .

На фестивалот ќе има учесници од Република Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

За првата вечер се планирани Јорданка Иванова Белева од Република Бугарија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина и македонската писателка Оливера Ќорвезировска.

За втората вечер на 26.05.2022 година се планирани како модератор Петар Андоновски, Александар Шпатов од соседна Република Бугарија, Давор Стојановски, Иван Шопов, Николина Андонова Шопова, Лира Бојку, Жарко Којунџиски и Фејзи Бојку.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.