„Мазел тов“ е насловот на фото изложбата за еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни која ќе биде отворена в петок, на 19 мај, во 19 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Еврите од Македонија.

Низ фотографии, документи и предмети присутните ќе може да се запознаат како изгледале еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни.

Организатор е Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.