Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци Скопје ја доби Гран при наградата за најдобра претстава на фестивалот „Новосадски театарски игри“.

Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава, се вели во одлуката на жирито.

„Новосадски театарски игри“ е меѓународен фестивал за професионални театри за деца и младинци кој започна да се одржува од минатата година во чест на 90 години од основањето на Театарот за млади, а симболично и во годината кога Нови Сад ја носеше титулата за Европска престолнина на Европа.

Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби Матеа Јанковска, која е во улогата на Роња.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а покрај Јанковска играат и Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска-Силјановска, Петар Стојанов и Мики Анчевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.