Васко Мавровски од Комисијата за култура ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола јавно го прашува СДСМ Битола кој и зошто дозволил КИЦ Битола наместо буџетска сметка да се отвори сметка во приватна банка, па општината на таа сметка префрлила милон денари. Мавровски вели дека пет месеци потоа КИЦ го оставаат со блокирана сметка и без реализација на ниту еден проект.
Неговата прес-конференција ја пренесуваме во целост:Почитувани од СДС,
Во вашето обраќање до јавноста поврзано со културата повторно се вративте во минатото бидејќи сегашноста во која живееме не ви дава за право да се пофалите со реализација на ниту еден капитален објект или реализирана инвестиција во нов културен проект.
Бидејќи милувате во секоја прилика да зборувате за проектот Скопје 2014 и тешкиот живот на уметниците во време на „режимот“ само да ве потсетам дека токму вие сте соучесници во истиот, бидејќи вие почитувани, ја ослободивте од одговорност министерката за култура Канческа Милевска со политички договор, а таа гласаше за промената на уставното име Република Македонија кое и те како го раздрма македонскиот национален и културен идентитет. Тука заврши вашата грижа за потрошените пари за Скопје 2014.
За разлика од вас ВМРО-ДПМНЕ вработуваше низ сите културни институции во државата без никакви притисоци и без разлика на политичка припадност, доказ за тоа се тројцата директори на национални институции од културата во Битола ваши истакнати членови, вработени од “диктаторот” Груевски.
Зборувате за покачување на платата од 120% но притоа не кажувате дека последните четири години вашата грижлива влада цените ги зголеми за 250%, зборувате за колективен договор кој не го признавате и го оспорувате а манипулациите со наводната борба за уметниците од ваша страна народот ги препозна и жестоко ги казни на локалните избори.
Се прашувам зошто во вчерашниот прес не ја споменавте новата културна институција која ја создадовте во Битола благодарение на локалниот огранок на СДС и културните работници членови на истиот, станува збор за Јавната општинска установа „Културен и информативен центар“ одговорот на ова прашање веројатно се содржи во следните прашања на кои јавно ве повикувам да одговорите:
Кој и зошто спротивно од законската регулатива на буџетска установа дозволи наместо буџетска сметка да се отвори сметка во приватна банка?
Зошто и покрај ова сторено кривично дело општината на истата сметка префрлила 1.000.000 денари?
Зошто пет месеци потоа КИЦ го оставаат со блокирана сметка и без реализација на ниту еден проект?
Дали СДС на овој начин се грижи за културата во Битола или и ова беше уште еден лицемерен проект кој служеше за предизборната кампања?
Зошто комисијата за култура на ОО СДС иако знаеле за сите нерегуларности, молчеле?
Културата во Битола преживеала огромни падови со ваша помош, рушење на стариот театар, финансиска криза со аферата ТАТ, претварање на кино сали во магацини и дискотеки, преименување на националниот интерес во јавен интерес, бришење на македонската колективна меморија, смешни инвестиции во установите итн.
Колку и да сакате вашиот неуспех односно неспособност да ја менаџирате културата, да го прикриете со актуелните светски случувања и ковид пандемијата, на македонскиот народ одамна му е кристално јасно дека најголемото зло на културата и културните работници во Македонија се владите предводени од СДС.
ВМРО-ДПМНЕ било и во иднина ќе биде чуварот на македонското материјално и духовно богатство и македонскиот културен идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.