Македонската ликовна уметница, Марија Павловска изрази огромно задоволство и чест што е рангирана меѓу најдобрите.
Со гордост објавувам дека ја добив меѓународната награда за уметност „ПЕГАЗУС“ / International Prize PEGASUS for the Arts. Благодарна сум на мојот неверојатен тим и семејство, неверојатни куратори, колеги и исклучителното раководство на Mana Contemporary USA каде што моето студио е повеќе од една деценија, произведувајќи ги моите најнови проекти и уметнички дела кои беа приметени и поканети да се прикажат на меѓународно ниво.
Свеченото доделување на наградата се одржа на 18 мај 2023 година во Палатата Скуола Гранде Ди Сан Теодоро – Венеција, во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста.
ПЕГАЗУС за уметност / PEGASUS for the Arts е признание што им се доделува на сите оние уметници кои низ годините се истакнале по нивното уметничко истражување и по стилската вредност на нивните уметнички дела, вели Павловска.
Наградата е за уметниците кои се достојни за нивните уметнички заслуги на меѓународно ниво.
Делото на Марија Павловска е забележано и вклучено меѓу 50 избрани меѓународни современи уметници во кои треба да се инвестира.
Оваа награда му ја посветувам на мојот покоен татко уметник Таки Павловски кој почина истиот ден на церемонијата кога ми беше доделена наградата. Важна фигура во мојот живот и една од причините што сум тоа што сум денес, соопшти лауреатката на престижното признание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.