Пијанистката Ана Велиновска настапи како солист и ги отвори концертите на светски познатиот пијанист Фазил Сај во реномираната сала ККЛ во Луцерн, Швајцарија, кои се одржаа на 16 и 17 март.
Настапите на Ана Велиновска беа испратени со овации од многубројната публика во оваа концертна сала, која важи за една од најубавите во светот, посебно според квалитетот на акустиката. Во периодот од 2020 до 2022 година пијанистката Ана Велиновска редовно настапува како изведувач на современа музика, со бројни праизведби и гостувања на реномирани фестивали, најмногу во Швајцарија и Германија. Една од изведбите на Ана Велиновска во ККЛ е на следното видео.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.