Младата македонска балерина Стефанија Гаштарска (22) според руското издание на престижниот магазин „Форбс“ е избрана меѓу осумте млади балерини кои се надежта на рускиот балет.
Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил, вели „Форбс“.
Ова не е прв пат ова престижно списание да ја вклучи Гаштарска на оваа листа. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“, а критичарите ја споредија со Ана Павлова.
Гаштарска се занимава со балет од девет години како ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска – Кочевска. На 15 години замина да учи во Државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на „Бољшој“.
На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.