Нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска, ќе настапи на концерт на престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март. Таа ќе ја изведе својата композиција со наслов „Ламенто вело’ за соло виолина.

Во рамките на музичката програма на фестивалот „Жените од светот“, се реализира програма за композиција и продукција на дигитална музика со наслов „Мојот град мојот глас“ во која учествуваат одбрани музичарки од Турција, Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина. Проектот се реализира со помош на Британскиот совет, организацијата „Beats by girls“ и „Brighter sound“ од Турција.

 

Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“, која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори.

„Ламенто вело„ се снимаше во Белград во студиото „Шум“ и е сниман и видео материјал.

 

За композицијата миксот и мастерингот го прави компанија од Истанбул. Композицијата „Ламенто вело“ ќе биде дистрибурана на сите музички платформи на почетокот од април.

Пламенка Трајковска како композитор досега го има издадено албумот во кросовер „Апасионато“, музичкиот албум за деца „Карневалот на животните“, синглот „Светулки“, композициите „Твојот допир“, „Феникс“, „Воздишка за тебе“ и многу други остварувања.

 

Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија на најзначајните културни манифестации и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција Танзанија и Турција.

Пламенка редовно работи во Филхармонија и со организацијата „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Малите камерни состави креираат музички програми со класична музика и кросовер со мултимедијални елементи и музичка технологија и настапуваат на официјални концерни сцени и на алтернативни простори со цел да ја доближат класичната музика до широката публика и до младите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.