Видео приказната „Македонска љубовна приказна“ составена од околу 450 фотографии, која ги промовира македонските природни убавини, историски знаменитости, цркви, манастири, обичаи, традиции, носии, пред три дена беше промовирана во канцеларијата на Обединетите Нации во Женева.
Автор и идеен творец на видео-приказната е Гонца Перунковска, која во својата видео-проекција со авторски дела ги вклучи фотографите Горан Анастасовски, Наце Попов, Билјана Јуруковски, Владимир Јовановски, Дуле Дамјановски, Гордан Ристовски, Доријан Миловановиќ, Зоран Карапанчев, Ристе Спироски, Ристе Стамаџиев, Маја Крстевска Коларова и Гонца Перунковска.
Музика во позадина на видео-приказната е на групата „Синтезис“ и Драган Даутовски Квартет.
„Македонската љубовна приказна“ е изработена под покровителство на Македонски национален совет од Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.