Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје, објави отворен повик за волонтери.
Свежо августовско утро, турско чајче и симит во ладовината на Куршумли ан. Може ли денот поубаво да почне? Размена на приказни од сите страни на светот, некои раскажани на платно, некои од штотуку сретнат пријател. „МакеДокс“ семејството е отворено за стари и нови љубители на кромид и кино под ѕвездите – истакнуваат од фестивалскиот тим.
Пријавите се испраќаат на имејл: [email protected] до 30 јули.
Досегашните искуства на „МакеДокс“ покажуваат дека голем дел од волонтерите во текот на работата на фестивалот стекнале нови познавања за документаристиката, се здобиле го голем број нови пријателства, а дел од нив својот животен пат го насочиле кон едукација на факултетите и академиите за драмски и визуелни уметности. Се надеваме таквата традиција ќе продолжи и оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.