„Градот на културата како што е Велес со многу манифестации, кој што имал по пет, по шест милиони денари за продукција денеска да го сведеме на едвај два милиони е срамота. Тука може да го споменам и Драмски, мислам дека околу 60% е скратен буџетот за овие 6-7 години, значи сега има буџет некаде околу 3 милиони. Ако во 2017-та сме го завршиле со 8,7 милиони, денеска имаме едвај три милиони денари за продукција“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на „Канал 77“.
Љутков додаде дека за да влезе публиката да гледа претстава мора да се обезбедат услови. Буџетите за продукција се на катастрофално ниво. Фондот за филм е скратен 5 милиони евра.
Ако 2013-та година министерството за култура имал 2,15% од генералниот Буџет, во 2014-та го достигнал рекордот од 2,30%. Во 2020-та година е 1,4%, а во 2021 година е 1,43%. А, во 2022 година 1,49%, а 2023-та година е 1,2%. Со ваков однос кој што го има кон културата СДСМ овие 6 години со промена на пет министри кои што реално не можат да мрднат од местото и со поставување на несоодветни кадри на најстратешките места во Владата, ние не можеме да зборуваме за ништо повеќе, нагласи тој.
Љутков рече дека колективен договор се потпишал, но не се обезбедиле средства за потребите на истиот тој договор.
„Владата не обезбедила средства за потпишување на колективниот договор, туку дава наредба да се скратат платите од програмските активности. Значи нас ни кратат“, нагласи Љутков.
Од 2018-та па наваму до пред да станам член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, бев претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. И ние во програмата понудивме всушност во 2020-та и модел како треба да функционира културата. Дури и во програмата ставивме и „Денар за културата, денар за спортот, денар за образование“ во која што од акцизата на нафтените деривати ќе одат директно по еден денар во секој сектор. И што на годишно ниво се некаде околу 15 милиони евра помош за културата. И плус баравме 2.5% од Буџетот да се врати делот во културата и плус еден денар од акцизата на нафтените деривати, појасни Љутков.
Тој додаде дека да се воведеше сето тоа што го имаше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за културата, денес буџетот би бил три пати поголем за културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.