Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 12 март 2022, со почеток во 20.00 ч. Лучија од Ламермур е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико: Ристе Велков,
Едгардо: Благој Нацоски, Артуро: Никола Стојчески, Рајмондо: Алесандро Абис (Италија),
Ализа: Соња Пендовска Мадевска, Нормано: Дејан Стоев

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

 

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19  или потврда за прележан КОВИД-19 со важност од 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Задолжително е носење на заштитна маска, информираат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.