Галеријата „Метаноја“ го најавува отворањето на изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. Изложбата ќе биде отворена во вторник 18 јуни 2024 година од 19:30 часот.
Владимир Илиевски е роден во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на катедрата за сликарство. Во периодот од 2012 до 2023 година тој реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство, како и десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Бугарија и Србија. Добитник е на 7 национални награди.
Автор е и на два мурали, еден од нив во Скопје и еден во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.