„Романот „Лебед“ е комплексна, наративна креација фокусирана на игра со фабулата на познатиот балет „Лебедово езеро“ на Чајковски. Бегајќи на однапред очекуваните структури на заплетот, авторката создава комплексна слика за животите на двајца млади уметници и нивните мајки. Играта на авторката се гледа во тоа едниот лик да нема полово одредување до првите педесетина страници, во што се гледа нејзината перманентна потреба да експериментира со книжевноста и да ги растегнува границите на литерарните жанрови“, ја опишуваат книгата од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“:

Се работи за приказна за една љубов полна страст, во која се мешаат и младешка сила и уметнички порив, балет, музика, сликарство и книжевност.

„Лебед“ е книга на месецот (декември) во библиотеката, како дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, во чии рамки е и Разговор со авторот, како и веќе традиционалниот Клуб на читатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.