Утревечер со почеток во 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ), гостува претставата „Љубовна терапија“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Режисер е Драгана Таневска, а во претставата играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г., Матеј Стојковски к.г.
Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси. Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици? Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска.
Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ, по цена од 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.