КСП Центар – Јадро објавува конкурс за изработка на мурал на фасадата на центарот кој треба да биде реализиран до крајот септември 2024 година.

Зошто мурал?
Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и изрази.

 

Насоки за конкурсот:
КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување. Оваа институција претставува пример на концепт за создавање професионална креативна заедница. Ваквиот вид установи на нов начин му пристапуваат на просторот и на начинот на неговото управување, користење и програмско осмислување, разноликост и инклузивност.

Тематски конкурост е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз којшто се темели КСП Центар – Јадро.

 

Технички податоци:
На конкурсот право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Р Македонија. Уметниците можат да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри а во прилог ви доставуваме технички цртеж и фотографија од фасадата. Планиран период за изработка на муралот е во периодот од 1 до 26 септември 2024 година.

За изборот ќе одлучува жири-комисија составена од истакнати професионалци од областа на културата.

 

Авторот/ите треба да приложат скици за муралот, краток опис за концептот како и кратка биографија во PDF документ со максимална големина од 5 MB на мејл адресата [email protected], најдоцна до 26 август 2024г. со назнака Конкурс за изработка на мурал и податоци за авторот/ите (име, презиме, телефонски број).

За повеќе информации околу конкурсот заинтерисираните автори можат да не исконтактираат на на мејл адресата: [email protected].

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.