Перформансот и разговорот со авторите на „Обука за реанимација, дел од програмата на КРИК – фестивал за критичка култура, ќе се одржи вечерва, (четврток, 22 септември) со почеток во 18 часот во Музејот на современа уметност – Скопје. Автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. Во перформансот ќе земат учество и десет луѓе од Скопје кои претходно се пријавија на јавниот повик..
Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикува односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето од позната ситуација станува политичка мерка изведена со уметнички средства.
“Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на начините на здружување. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“, меѓу другото, користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (Германија) и има реализирано проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје.
Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност – Скопје.
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб
Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад..
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.
Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Allianz Kulturstiftung и од програмата Креативна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.