„Градот на конзулите бил, е и ќе биде достоен домаќин на многубројни врвни културни настани, меѓу кои е и овој Интернационален фестивал на монодрамата“, порача вчера министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на Фестивалот на монодрамата во Битола.
Во 7-те фестивалски денови на сцените на Центарот за култура и Битолскиот народен театар публиката ќе има можност да проследи монодрами со учесници од 11 земји.
Многу врвни актерски имиња не си дозволиле да стапнат на чувствителниот „терен“ на овој специфичен театарски жанр. Веројатно зашто на монодрамата е полесно да ѝ се даде дефиниција отколку да ја изведете и да го задржите вниманието на публиката – особено по овој период во кој доживеавме многу монодрами во пандемичниот живот на дистанца. Затоа да им подариме достојно внимание, бидејќи монодрамата е предизвик и искушение дури и за најдобрите актери, порача министерката за култура.
На крајот, министерката Костадиновска-Стојчевска на сите учесници на фестивалот им посака убави фестивалски денови исполнети со многу аплаузи.
23. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола кој годинава се одвива под мотото „Помеѓу“, свечено беше отворен со претставата „Само глас“ на Македонскиот народен театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.