Потпишан е Протокол за соработка помеѓу НУ Конзерваторски центар Скопје и НУ Музеј на македонската борба за самостојност, со кој се дефинираат активностите меѓу двете институции и начинот на соработка втемелен на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности, информираа од Музејот на македонската борба за самостојност.

Во целосната изјава во однос на потпишување на овој протокол, директорите Коле Чапкановски и Даниела Николова дополнуваат: Со меморандумот за соработка, ја прошируваме соработката во областа на историјата, културата, научно-истражувачки активности преку заеднички програми, организирање изложби, промоции, советувања и конференции за афирмацијата на нашата историја и презентација на историското и културно наследство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.