Оркестарот на Македонската филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев.

На програмата се дела „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концертот за усна хармоника и оркестар од Х. Вила –Лобос и „Болеро“ и „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.

Роберт Бонфиљо е познат по епитетот „Паганини на усната хармоника“. „Лос Анџелес Тајмс“ го нарече така и со право овој виртуоз на усна хармоника ја воодушевува публиката ширум светот: Карнеги хол, Холивуд боул, Гевандхаус, Центарот Кенеди, Бостонската симфониска сала, Линколн центарот…, со неговата способност да изведува концерти на хармоника од сферата на класиката, но и да блеска со блуз, наведуваат меѓу другото од Филхармонија во пресрет на вечерашниот концерт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.