По повод 10-годишниот јубилеј „Пијано трио“ утревечер во Свечената сала на офицерскиот дом-КИЦ Битола, со почеток во 20 часот ќе одржат концерт.
Составено од тројца етаблирани музичари – Татијана Петрушевска Караскаковска, прва обоа во оркестарот на НОБ; Марјан Милошевски, прв фагот во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ; Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ. Тие се тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио.
Убедени дека постоење на камерни состави од секаков вид е потребно и продуктивно за музичарите како од аспект на соработка така и од потребата за зголемување на репертоарот, но и изведувањето на дела кои не се само за соло инструмент туку се во соработка со други инструменти. Формацијата на ова трио овозможува широк репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за концертните подиуми. Х. Брод; Т. Лалие; К. Фридеман; В.А. Моцарт; Ф. Пуланк; Г.Ф. Хендл; А. Вивалди; А. Рајхенауер; Л.В. Бетовен; М. Глинка; Ж. Франсе се само дел од композиторите кои се на репертоарот на ова трио кои битолчани ќе можат да ги проследат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.