Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с, вечерва во концертната сала на Филхармонија ќе одржат заеднички концерт.
На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Харисон Биртвисл, Тери Рајли и Антонио Вивалди, а како солист ќе настапи еден од најдобрите бритaнски и светски виолинисти – Даниел Роланд.
Концертот е насловен „Earth4All“ и претставува своевидна платформа на активизам во која преку музиката ќе биде упатена моќна порака за заштита на животната средина, демократијата и одржливоста на нашата планета.
Младинскиот оркестар на Европска Унија – EUYO е еден од најеминентните симфониски оркестри. Составен е од 120 селектирани музичари (селекција од 2500 пријавени кандидати) на возраст од 16 до 26 години, кои доаѓаат од 27-те земји од ЕУ.
Фаме’с европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика.
Концертот на Младинскиот оркестар на Европската унија се релизира како соработка меѓу Институтот „Фејмс“ и Филхармонија на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.