На јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва (13.07.2024), ќе се одржи концерт на аматерскиот женски хор „ФРИДА“, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.
Диригент и уметнички раководител: Сузана Турунџиева
На програмата на концертот ќе бидат изведени светски хитови („Light of Life“, „Dance Me to the End of Love“, „Islands in the Stream“, „Sway“ и останати), како и обработка на македонски безвременски хитови („Свири ми свири“, „Еден бакнеж“, „Роза сина“, „Бакни ме нежно“, „Галебе мој тажен“, „Есенска роза“ и други).
Во времетраење на целовечерниот концерт, на тема „ФРИДА КАЛО – уметност која непрестајно инспирира и мотивира“ ќе биде поставен изложбен штанд со рачни изработки, изработени од хористките и од Сузана Турунџиева, кои на самиот настан ќе се продаваат. Средствата кои ќе бидат соберени ќе бидат наменети на некоја „Фрида од нашето секојдневие која се соочува со здравствени предизвици“, а и се потребни за лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.