Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно – информативниот центар на Република Македонија во Тирана, настапи на „Cloud“ фестивалот во албанската престолнина.
Како што соопштија од КИЦ, „Cloud“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.
Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.
Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.