Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.
Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.
Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.
Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки.
Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор.
Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.