Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“ под диригентска палка на Ерхан Шукри вечер со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен концерт со филмска музика во Музејот на македонската борба.

На програмата, како што е најавено, ќе се најдат филмски музички теми од познатите композитори М. Џиакино, Х. Манчини, Х. Цимер, М. Хамлиш, В. Стефановски, Ф. Атакоглу, Е. Дога …

Влезтот е слободен, а посетителите ќе може да уживаат во музиката од филмовите „Star Track“, „Инспекторот Клузо“, „Пацифик“, „Величенствениот“, „Џипси сонг“, „Skyfall“…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.